· VEB Print - најбрзиот пат до остварување на визијата за вашиот продукт
VEB Print постои повеќе од 30 години на македонскиот пазар. Во текот на сите овие години VEB Print е препознатлив со услуги со висок квалитет за кои е заслужен нашиот стручен кадар, како и нашата стратегија за континуирано модернизирање на нашата опрема.
Уште од раните почетоци се фокусиравме стриктно на офсет печат, но благодарение на нашиот квалитет и конкурентност на сѐ поконкурентниот пазар, во VEB Print ги збогативме услугите со посебна посветеност на изработка на пакетна амбалажа, покрај другите продукти кои ги нудиме: брошури, книги, папки, календари, и слични производи.
Низ годините нѐ води едно мото – да обезбедиме брзо и квалитетно решение за остварување на визијата за продуктите на нашите клиенти.
Нашето седиште е во индустриската зона Злокуќани во Скопје, Македонија.
Би ни било чест да оствариме соработка и да учествуваме во остварувањето на вашите цели.
